На престојното Собрание на акционери на винарската визба Тиквеш АД Кавадарци на 11. ноември, една од предлог одлуките е и откуп на удели во трговски друштва, информираше винаријата преку Македонската берза.
Тиквеш сака да откупи удели кои претставуваат 100% од основната главнина на неколку друштва:
Друштвото за земјоделие, преработка и промет Агро Вардарие ДООЕЛ увоз-извоз Гевгелија, со седиште на Граничниот премин Богородица /Терминал Богородица, за цена од 1.585.000 евра.
Друштвото за производство и трговија М-6 Еден Грин ДООЕЛ Скопје, со седиште во скопска Гази Баба, за цена од 115.000 евра.
Друштвото за производство и трговија на вино, ракија, оцет и останати алкохолни и безалкохолни пијалаци Лепово ДООЕЛ Неготино, со седиште во Курија, Неготино, за цена од 1.130.000 евра.
Трговското друштво за земјоделие и лозарство М-Шест Аграр ДООЕЛ Скопје, со седиште во скопска Гази Баба, за цена од 11.550.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е најголемиот акционер во Тиквеш
Јане Јаневски и Кристијан Поленак нови членови на НО на Тиквеш
Која е М-6 Еден која купи акции на Тиквеш за над 2,6 милиони евра