Колегите на проф.д-р Игор Кузмановски, разрешениот директор на Клиника за неврологија поради скандалот со шмркање дрога изразуваат, како што вечат во писмото до јавноста професионална и човечка поддршка.
Писмото го пренесуваме во целост:
„Ние, неговите колеги, ја изразуваме нашата професионална и човечка поддршка за проф. д-р Кузмановски, кој во текот на своето долгогодишно раководење со клиниката, од 2012 -2017 комплетно ја реновираше клиниката, воведе поеќе дијагностички методи и иновативни тераписки процедури.
Во секојдневната работа со пациентите и во комуникацијата со колегите, секогаш се однесувал со највисока стручност, одговорност и етичка посветеност. Ниту во еден момент не е забележано однесување кое би било недолично, несовесно или спротивно на професионалните стандарди.
Дури и во ситуации кога се појавуваат сомнежи или јавни дискусии за постапки кои би можеле да се толкуваат како спротивни на моралните и етички принципи на докторската професија, неговото професионално функционирање останува непоколебливо, водено од интегритет и грижа за пациентите.
Во духот на медицинската етика и човековото достоинство, сметаме дека секој поединец, особено во моменти на јавна изложеност и лична ранливост, заслужува поддршка, разбирање и соодветна психосоцијална помош. Наместо осуда, неопходно е да се поттикне сочувство – не само кон професионалецот, туку и кон неговото семејство, кое невино се соочува со последиците од јавната реакција.
Со ова писмо апелираме за воздржаност во јавниот дискурс, за почит кон човековото достоинство и за поддршка која е во согласност со вредностите на медицинската заедница и општеството во целина, стои во писмото со поддршка за проф. д-р Кузмановски од колегите од Клиника за неврологија,“ се вели во писмото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Игор Кузмановски, разрешениот директор на Неврологија
(Видео) По шокантно видео како шмрка кокаин, разрешен директорот на неврологија, Игор Кузмановски