Момче на возраст од 26 години загина откако со возило вчера излетало од пат во гостиварско.
„На 11.10.2025 во 13:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локалниот пат с.Чегране – с.Корито, гостиварско, патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Л.М. (26) од с.Форино, гостиварско, излетало од патот.
Од здобиените повреди, возачот починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт,“ велат од Министерството за внатрешни работи.
Фото: Unsplash














