Македонскиот БДП лани пораснал за 3%

Бруто-домашниот производ (БДП) на Македонија во 2024 година изнесувал 964.087 милиони денари и во однос на 2023 година е номинално зголемен за 6.8%, соопшти Државниот завод за статистика.

Реалната стапка на раст на БДП лани, во однос на 2023 година, e 3%.

Најголемо учество во додадената вредност со 17.9% во структурата на БДП во 2024 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2024 година во структурата на БДП учествува со 82.4%.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2024 година e 61.7%.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2024 година изнесува 226.482 милиони денари.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 53.6%, машините и опремата со 35.7%, а останатите инвестиции со 10.7%.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести