Во несреќен случај Верица се здоби со изгореници од втор и трет степен, потребни се средства за лекување во Софија

Во несреќен случај на 24. мај, Верица се здоби со изгореници од втор и трет степен на околу 50% од телото.

Само два дена подоцна беше префрлена на лекување во Софија, Бугарија, каде и денес ја води својата најголема животна битка.

Иако зад неа се многу тешки денови, пред неа сè уште стои долг пат исполнет со операции, рехабилитација и специјализирани третмани.

„За нејзиното закрепнување ќе бидат потребни најмалку уште една година лекување, специјално изработени компресивни облеки и континуирана медицинска нега.

Секоја донација, без разлика на износот, значи надеж и чекор поблиску до нејзиното закрепнување.
Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете ја оваа објава. И тоа е огромна поддршка.

Да бидеме повторно обединети во хуманоста. Да ѝ помогнеме на Верица да добие шанса за подобро, посигурно и поздраво утре,“ се вели во апелот за помош.

Донации:

Банка: Халк Банка
Депонент: Марјан Миленковски
Трансакциска сметка: 270700027967377

Девизна сметка:
IBAN: MK07270700051848195
SWIFT/BIC: EXPCMK22 

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести