Фотографии на поранешниот лидер на опозициската СДСМ и поранешниот претседател и премиер на Македонија, Бранко Црвенковски со членови на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ предизвикаа бури од реакции во јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бранко Црвенковски предизвика бура, фотографиран во друштво на членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
На едната од нив е во друштво со актуелниот градоначалник на Општина Охрид, Кирил Пецаков, од ВМРО-ДПМНЕ, кој е и кандидат за нов мандат.
Тој за весникот Вечер вели дека средбата со Црвенковски била случајна во полн угостителски објект, и дека не била ништо друго.

Црвенковски и Пецаков се фотографирани на маса со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Саше Доневски и Јован Мирчевски, сопственикот на „Пупе Компани“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црвенковски не е во ЗНАМ, вели претседателот на партијата Димитриевски
Филипче се дистанцираше од Црвенковски
Фото: Пецаков/Фејсбук/Инфомакс