Сиљановска-Давкова чека креативно решение од ЕУ за деблокада на европскиот пат, на средбата со Фон дер Лајен, изразила и спремност за македонско-бугарски разговори по локалните избори

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова на вчерашната средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која беше во неколку часовна посета на Македонија, во рамки на кратката турнеја по земјите од Западен Балкан, побарала помош од Европската унија (ЕУ) во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции, информираа од нејзиниот Кабинет.

Таа нагласила дека прифаќањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ не е само прашање на проширување, туку ја засега безбедноста и стабилноста на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе одлучува ли ЕУ со квалификувано мнозинство? Засега 16 членки се за

Посочила дека иницијативата за реформирање на процесот на одлучување во ЕУ, што би ги опфатило и прашањата поврзани со проширувањето на Унијата, односно воведувањето на гласање со квалификувано мнозинство, би било храбра одлука, што ќе довело до евроинтеграциски исчекор.

Потсетила и на непочитувањето, односно кршењето на некои фундаментални принципи и вредности на основните конститутивни акти на ЕУ што ги гарантираат националниот и културниот идентитет на државите и нациите, како и достоинството и интегритетот на граѓаните, а изразила и спремност за македонско-бугарски разговори по завршувањето на локалните избори.

Предупредила и на опасноста од реплицирање на преседанот со билатерализацијата на македонскиот процес на интеграција, надвор од Копенхагенските критериуми, не само во регионални рамки, туку и пошироко.

Меѓудругото ги споредила Балтикот и Балканот, посочувајќи ја очигледната разлика: во првиот, земјите, членки на ЕУ, застанале зад своите соседи, а во вториот, некои членки на ЕУ го користат привилегираниот статус за да го условуваат, па и блокирааат политичкиот пат на соседот кон Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Единствениот чекор за старт на преговорите е да ги направите уставните измени, порача Фон дер Лајен по посетата на Македонија

За што разговарале Мицкоски и Фон дер Лајен

Урсула фон дер Лајен пристигна во Македонија

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести