Кој е Александар Нацев, за кого е одобрено обвинението за трагедијата во Кочани

Основниот кривичен суд Скопје вчера го одобри обвинението и за Александар Нацев, вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување Рубикон Секјурити Солушн, која ја обезбедуваше т.н. дискотека во Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одобрено и обвинението за Александар Нацев, вистинскиот сопственик на агенцијата која ја обезбедувала дискотеката во Кочани: Второ обвинение за трагедијата

Оваа е второ обвинение за трагедијата, а Нацев како и останатите обвинети во првото обвинение се терети за кривичното дело “тешки дела против општата сигурност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето за трагедијата во Кочани почнува на 19. ноември, еве кој се е обвинет

Според обвинението на Основното јавно обвинителство Скопје тој не постапил според прописите за заштита, што довело до пожарот во кој загинаа 63, а беа повредени 202 лица.

Заедно со агенцијата, која остана без лиценца, се товарат дека не презеле мерки за спречување на штетни појави и противправни дејствија, како и дека го вршеле обезбедувањето без писмен договор со т.н. дискотека.

Кој е Нацев

Во периодот од 2015 до 2017 година беше директор на Дирекцијата за класифицирани информации.

Тој е извршен директор на ЦБИ и декан на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет во Скопје.

Нацев е доктор на науки од областа на безбедноста од Институтот за одбрана, безбедност и мир во Скопје.

Работел и како дипломат во Мисијата на Македонија во седиштето на НАТО во Брисел.

Зборува англискиот и германскиот јазик, стои во неговата официјална биографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Александар Нацев, кој доби притвор за пожарот во Кочани

Без лиценца остана агенцијата „Рубикон“ која ја обезбедуваше дискотеката во Кочани

Обвинение и за Александар Нацев, сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“ за пожарот во Кочани

Фото: Нацев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести