Од Министерството за култура и туризам информираа дека е избран изведувачот за реконструкција на Унверзалната сала во Скопје.
За најповолен изведувач денеска е избрано градежно проектантско трговско друштво Универзал-Балкан.
Реконструкцијата ќе биде по принцип на изградба “клуч на рака“, што значи дека во предвидениот рок објектот ќе биде целосно изграден, уреден и подготвен за користење, односно за одржување концерти, настани и други културни содржини.
По завршување на законските рокови за доделување на договорот ќе биде потпишан договорот за изведба, а по исполнување на сите потребни предуслови за почеток на градба и воведување на изведувачот во работа, ќе следува официјалното започнување на градежните активности, велат од таму.
Рокот за реализација на проектот е предвиден до декември 2027 година.
Еве како треба да изгледа:



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Министерство за култура и туризам