Падна бастионот на СДСМ – Струмица, нов градоначалник е Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатот на коалицијата предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков е нов градоначалник на Општина Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Резултатот не е посакуван, ама Филипче нема да си поднесе оставка

Тој уште во првиот круг од локалните избори го победи кандидатот на коалицијата предводена од опозициската СДСМ, Марјан Даскаловски.

Според податоци на Државната изборна комисија (ДИК), од 100% обработени избирачки места, Јанков освои 55,98%, а Даскаловски, 36,15% од гласовите.

ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ја води оваа општина по 20 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ во првиот круг има градоначалници во три општини

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје, Каја Шукова е четврта

Изет Меџети го победи Бујар Османи уште во првиот круг

Фото: Општина Струмица/Илустрација: ДИК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести