Сопственикот на Марковски компани ДООЕЛ увоз-извоз Битола, Борче Марковски, кој заврши во затворски притвор, откако заедно со неговата фирма станаа дел од новата истрага за шема за перење пари во РЕК Битола преку лажни фактури, остана без станови во Скопје, пари, возила, земјиште, во Македонија и Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) информираа дека му се замрзнати околу 30 милиони денари од негови сметки и сметки на фирмата во Македонија, а ОЈО Битола побарало да се забрани и располагање на дополнителен движен и недвижен имот во државава.
Од таму информираат дека станува збор за три станови во Скопје, парцела градежно неизградено земјиште и гаража стекнати во 2024 година, како и три товарни и едно патничко возило набавени годинава, за кои постои сомнение дека претставуваат принос од казниво дело, односно имот кој во иднина може да е предмет на конфискација поради сторените кривични дела кои се опфатени со истрагата.
Преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Македонија, од ОЈО Битола упатиле и итно барање до надлежните органи на Србија за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени годинава за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со Марковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борче Марковски, газдата на Марковски компани има фирма и во Србија, и таму добивал тендери
Од српските органи било побарано да забранат на правното лице од Белград, на неговиот управител или на друго лице во нивно име да ги отуѓува, оптоварува или да располага со моторните возила за кои постои сомнение дека се набавени и претставуваат посредна имотна корист од кривичните дела за кои е отворена истрага.
-Дополнително, од српските власти е побарано да се обезбеди и да се отвори сеф за кој е утврдено дека осомничениот го поседува во една српска банка со цел да се провери неговата содржина.
Поднесените барања се прифатени и српското обвинителство издаде наредби за замрзнување на наведениот имот, велат од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Марковски компани, чиј газда Борче Марковски заврши во куќен притвор
Газдата на Марковски компани од куќен оди во затворски притвор