Жито Полог во загуба во првите девет месеци

Жито Полог АД Тетово во првите девет месеци од годинава остварил загуба од 32,398 илјади денари, информираше Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2025 година изнесуваат 128,035 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат намалување за 30%.

Во структурата на приходи најголемо учество од 97% имаат приходите од продажба на производи и услуги, кои во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат намалување за 28%.

Остварените единечни вкупни расходи изнесуваат 157,786 илјади денари и во споредба со истиот период во 2024 година бележат намалување за 22%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жито Полог со загуба во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести