На 63-годишна возраст почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

На 63-годишна возраст по кратко боледување вчера почина политичкиот аналитичар и колумнист Агим Јонуз.

Беше активен учесник во политичкиот живот, а беше и поранешен советник на претседателот на македонското Собранието, Љубчо Јордановски, како и на поранешниот премиер Владо Бучковски

Беше чест гостин и во политичките дебатни емисии на македонските телевизии, секогаш залагајќи се за искрен соживот и реален просперитет на Македонија.

Неговиот погреб е денеска на гробиштата во Бутел.

Фото: Фејсбук/Јонуз

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести