Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година.
Со истиот економскиот раст на земјава е проектиран на 3,8%, а инфлацијата на 2,5%.
Буџетскиот дефицит пак е проектиран на 3,5 проценти од бруто-домашниот производ (БДП).
Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи на 413,9 милијарди денари.
Проекцијата за капиталните инвестиции е на износ од 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра.














