(Видео) „Доминантен“ – новата песна на Лара Иванова ги спојува музиката, танцот и емоцијата

Младата македонска пејачка Лара Иванова ја претстави својата нова песна „Доминантен“ на ревијалната вечер по повод 40-годишниот јубилеј на „Макфест“, со настап кој предизвика восхит и остави силен впечаток кај публиката. Со комбинација на моќен вокал, уверлива кореографија и сценска енергија, Лара покажа дека е подготвена да го крене нивото на современиот поп израз во Македонија.

Песната носи заразен ритам и сценска енергија што потсетува на најголемите имиња од новата генерација на светски поп-ѕвезди – Tate McRae, Katseye, Tyla и Zara Larsson – уметници кои, како што вели Лара, „го спојуваат пеењето и танцот во едно целосно шоу“.

Тематски, „Доминантен“ зборува за момче кое е доминантно, нетолерантно и арогантно, но песната не ја прикажува оваа приказна на банален начин. Напротив, преку вокалот и движењето, Лара внесува емоција и став – мешавина од отпор и фасцинација која го држи слушателот прикован од првиот такт.

„Настапот на Макфест за мене беше продолжение на она што се случува во видеоспотот. Сакав публиката да ја почувствува истата енергија што ја пренесувам на екранот – силна, но и емотивна. Да пееш и танцуваш во жив настап е навистина напорно, но тоа е дел од она што го сакам. Сакам музиката да ја раскажувам и преку движењето, не само преку зборовите. Тоа е начин да бидам искрена со себе и со публиката,“ нагласи Лара.

Токму истата идеја ја водела и при создавањето на видеоспотот, каде што повторно пее и танцува во динамична и визуелно впечатлива атмосфера. „Сакав спотот да биде вистинско продолжение на песната – да се чувствува пулсот, ставот и контрастот меѓу привлечноста и дистанцата. „Сакав секој момент да биде вистински – не само изведба, туку чувство што навистина го живеам,“ додава таа.

Со „Доминантен“, Лара Иванова испраќа јасна порака дека новата генерација македонски артисти не се плаши од предизвици и дека посветеноста, храброста и љубовта кон музиката се вредности што се чувствуваат на сцената. Нејзиниот настап на јубилејниот „Макфест“ беше токму тоа – потсетник дека современиот поп може да биде и вокален, и визуелен, и длабоко искрен.

Автори на музиката за „Доминантен“ се Лара Иванова и Андреј Николов, текстот е дело на Андреј Поповски и Робин Зимбаков, а за аранжманот, миксот и мастерингот се погрижи Андреј Николов.

Видеоспотот е во режија на Стефан Димитриевски.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести