Македонската ретседателка Гордана Сиљановска Давкова, која ја преставува земјава на Парискиот мировен форум, кој се одржува во Париз, Франција, синоќа била на вечера организирана од францускиот претседател Емануел Макрон, информираа од нејзиниот Кабинет.




-Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир.
Само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите, напиша таа на Фејсбук за вечерата.
Фото: Кабинет на претседателката














