УНИ Банка АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварила добивка пред оданочување од 339.300 илјади денари, која е минимално зголемена во однос на добивката остварена во истиот период лани кога била 336.263 илјади денари, соопшти Банката преку Македонската берза.
-Остварените вкупни приходи од работење заклучно со третиот квартал од 2025 година изнесуваат 1.788 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 3.7%.
Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 339 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.
Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 65.6% имаат приходите од камати, кои во споредба со истиот период од 2024 година се зголемени за 3%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на Банката кон кредитирање на секторот население.
Остварените расходи заклучно со третиот квартал од 2025 година изнесуваат 1.448 милиони денари и бележат зголемување од 4.4% во однос на истиот период од 2024 година. Зголемувањето на расходите се должи, пред се зголемувањето на расходите за камати, провизии и трошоците за вработени, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела УНИ Банка во првото полугодие














