Македонскиот документарец„Силјан“ ја освои Silver Hugo наградата на Chicago International Film Festival 2025.
Сега е номиниран и за Cinema Eye Honors, признание што го доближува до трката за Оскар. Можете и Вие да гласате ОВДЕ.
Токму овој документарец на македонската режисерка Тамара Котевска е македонскиот кандидат за Оскар.

„Силјан“ е во продукција на Котевска, на американската „Конкордија“ и британската „Корнершоп“, а останати продуценти се Жан Дакар, кој е и кинематографер на филмот, како и Јорданчо Петковски и Ана Хашми.
Оваа е трет документарец на Котевска. Таа веќе имаше две номинации за Оскар за првиот документарец „Медена земја“ кој во 2020 беше номиниран за најдобар странски и за најдобар документарен филм.
„Силјан“ е филм за иселувањето во источна Македонија, снимен во Овчеполието. Инспириран од народната приказна за момчето Силјан, кое по кавга со татко му се претвора во штрк и заминува од дома, филмот е приказна за односот на еден земјоделец со бел штрк.
Котевска неоданмна го заврши снимањето и на својот прв игран филм „Човек против јато“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Силијан“ на Тамара Котевска е македонскиот кандидат за Оскар
				
															


								







								


