Лотарија на Македонија АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварила позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 5.151 илјади денари и позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на успех во износ од 5.168 илјади денари, информираше Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените вкупни приходи за периодот 01.01-30.09.2025 година во висина од 20.610 илјади денари се намалени споредбено со остварените вкупни приходи во истиот период во 2024 година. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 96,60% имаат оперативните приходи, кои за овој период бележат намалување во однос на претходната година. Кај финансиските приходи кои учествуваат со 3,40% во вкупните приходи има зголемување во однос на истиот период во 2024 година.
Остварените вкупни расходи за периодот 01.01-30.09.2025 година во висина од 14.594 илјади денари бележат намалување споредбено со истиот период во 2024 година. Оперативните расходи во висина од 14.586 илјади денари учествуваат со 99,94% во вкупните расходи и се намалени во однос на претходната година.
Остварените консолидирани вкупни приходи за периодот 01.01-30.09.2025 година изнесуваат 21.032 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период во 2024 година бележат намалување. Во структурата на вкупните приходи најголемo учество од 96,67% имаат оперативните приходи кои бележат намалување во однос на истиот период во 2024 година. Финансиските приходи изнесуваат 699 илјади денари и учествуваат со 3,33% во однос на вкупните приходи и бележат зголемување во однос на претходната година.
Консолидираните расходи за период 01.01.2025-30.09.2025 година се во износ од 14.999 илјади денари и бележат намалување во однос на вкупните расходи во истиот период во 2024 година. Консолидираните оперативни расходи изнесуваат 14.991 илјади денари и бележат намалување во однос на претходната година и учествуваат со 99,94% во вкупните расходи, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела Лотарија на Македонија во првото полугодие














