Вкупните оперативни приходи на Европа АД Скопје во првите девет месеци од годинава се зголемени за 2,8% во однос на истите во 2024 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Останатите приходи се зголемени за 174,4%, а финансиските приходи се намалени за 2,5% во однос на 2024 година, велат од таму.

Вкупните расходите се зголемени за 2,5% во однос на минатата година.
-Оперативните расходи во периодот 01.01-30.09.2025 година се зголемени за 2,5%. Финансиските расходи се намалени за 4,3% во однос на минатата година, велат од таму.
Европа за овој период остварила добивка од 25.496.598 денари и истата е поголема во однос на претходната година за 10,5%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа со намалена добивка во првото полугодие














