Европската комисија (ЕК) во најновиот извештај за проширувањето на Европската унија (ЕУ) посочува дека Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство во ЕУ и се уште не ги усвоила уставните измени за вклучување во Уставот на граѓани кои живеат во неа, а се дел од други народи, како што се Бугарите, согласно заклучоците од јули 2022 година, кои се обврзала да ги започне.
Како и во сите други извештаи за Македонија се спомнуваат и договорите со Грција и Бугарија.
– Билатералните договори со соседните земји, вклучувајќи го и Преспанскиот договор меѓу Грција и Северна Македонија и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, бараат доверба од сите страни, се вели во заклучоците од Извештајот.
Се посочува и дека Македонија продолжила со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што сведочело за нејзиниот стратешки избор и дека властите продолжиле да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции.
– Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на акцискиот план за заштита на малцинствата, кои треба да се финализираат во инклузивен процес, се наведува меѓудругото во Извештајот.
Во истиот се додава и дека биле потребни понатамошни брзи и решителни активности во однос на одредниците за старт на преговорите во согласност со Преговарачката рамка, со цел Првиот кластер да бил отворен што е можно поскоро и кога ќе биле исполнети поставените услови.
– Северна Македонија треба да ги интензивира напорите за спроведување на реформите поврзани со ЕУ, особено во рамките на кластерот „Основни вредности“, особено за да се одржи владеењето на правото, особено преку заштита на судската независност и интегритет, како и зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Корупцијата треба да се решава без неуморно, вклучително и преку зајакнување на спроведувањето и воспоставување солидна евиденција во истрагата, гонењето и конечната пресуда за случаите на високо ниво, стои во Извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев














