Сообраќајката на патот Прилеп-Росоман во која загинаа две лица, се случила при претекнување: Обвинителство со детали

Две лица го загубија животот, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вечерва во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман, соопшти Основното јавно обвинителство Прилеп.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока. Едно од загинатите лица е возачот на едниот автомобил.

На местото на настанот увид извршил дежурен јавен обвинител кој издал наредби за прибирање на траги и докази, како и за изработка на сообраќајно и машинско вештачење на возилата.

Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други психоактивни супстанции.

Од Обвинителството информираат дека се преземаат сите неопходни дејствија за целосно утврдување на причините за несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две лица загинаа, а петмина се повредени во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Росоман

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести