(Видео) Најмалку 11 лица загинаа, а 35 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

Најмалку 11 лица загинаа, а 35 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла, Босна и Херцеговина.

Меѓу повредените има и медицински работници, како и вработени.

Најголем дел од настраданите биле тешко подвижни лица кои се наоѓале на најгорниот кат на домот.

Босанските медиуми информираат дека за лошите услови во домот, било алармаирано пред неколку месеци.

Советничката Драгана Гагро Берберовиќ од „Наша странка“ јавно предупредила на влажните ѕидови, недоволната храна и мобингот врз вработените, заради што управата покренала постапка против неа.

Фото/Unsplash/видео: Avaz TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести