Зохран Мамдани стана првиот Муслиман градоначалник на Њујорк и испиша историја

Зохран Мамдани кој има само 34 години стана првиот Муслиман, првиот со јужноазиско потекло и најмладиот градоначалник на Њујорк (САД) во последните 100 години.

Отворено декларираниот демократски социјалист синоќа стана 111. градоначалник на Њујорк, и испиша историја.

Тој е член на Демократската партија и отворен непријател на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Вети дека ќе ја врати власта на работничката класа и дека ќе се бори против администрацијата на Трамп.

Тој ги порази поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, кој доби поддршка од Трамп и републиканскиот кандидат Кертис Слива.

Фото: Фејсбук/Мамдани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести