Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).
Во Скопје ќе има слично време, со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поројни и пообилни.
Фото: Unsplash














