Макстил АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварил приходи од работење од 6,59 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со 95%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Споредено со истиот период од 2024 остварените приходи од работењето (6,27 милијарди) се повисоки за 5%. Зголемените приходи се должат на оприходување на данокот на солидарност што беше признаен како трошок во 2023 година.
Во првите девет месеци од работењето остварените расходи изнесуваа 5,77 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 89%.
Споредено со истиот период во 2024 година остварените расходи од работењето (5,65 милијарди денари) се повисоки за 2%.
Добивката пред оданочување во извештајниот период е 464 милиони денари, и бележи зголемување во споредба со остварената во трите квартали од 2024, додека нето добивката изнесува 414 милиони денари, и е зголемена во однос на остварената за истиот период во минатата година.
Зголемувањето на добивката се должи на оприходување на данокот на солидарност што беше признаен како трошок во 2023 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Промени во менаџментот на Макстил
Како работел Макстил во првото полугодие














