Мечка нападна и тешко повреди човек во селото Рилево

Мечка нападнала маж додека собирал печурки, во атарот на село Рилево, Општина Долнени и тешко го повредила.

Откако бил забележан од ловџии, веднаш бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите подоцна бил транспортиран во клиниките во Скопје.

Жителите од Прилепскиот регион, особено од општините Долнени и Кривогаштани, предупредуваат дека појавата на мечки во последно време е сè почеста и стравуваат дека ваквите инциденти би можеле да станат пофреквентни.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести