Која е Даниела Лазарова Иротова, новата директорка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Нова директорка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е Даниела Лазарова Иротова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Даниела Лазарова Иротова e нова директорка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Лазарова Иротова доаѓа на оваа позиција, откако нејзиниот претходник Илија Стоилев беше осомничен за случајот за поткуп со средствата од ИПАРД-програмата. Тој моментално е во затворски притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стоилев, кој заврши во притвор за поткуп, разрешен од претседателското место во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе

Која е Лазарова Иротова

Родена е на 4.4.1974 година во Скопје.

Таа е дипломиран инженер по општо шумарство, на Факултет за шумарство и дрвна индустрија при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Исто така е Магистрант на катедрата за „Управување со сливните подрачја и природните непогоди (земјиште и вода) во шумските екосистеми“ на Шумарскиот факултет при Универзитетот„Кирил и Методиј“- Скопје. 

Лазарова Иротова е и поранешен државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во периодот од 2008 до 2011 била пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.

Зборува англиски јазик и има основно познавање на германскиот јазик.   

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што е осомничен Илија Стоилев, актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Каков имот пријавил Илија Стоилев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кој заврши во притвор

Што е ИПАРД?

Фото: Фејсбук/Лазарова Иротова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести