Се отповикуваат амбасадорите во Италија, Австрија и Индија

Македонија ги отповикува амбасадорите во Италија, Австрија и Индија.

Со указ на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, одлука која е веќе објавена во Службен весник, се отповикува Весел Мемеди, кој е вонреден и ополномоштен амбасадор во Италија. Тој има и нерезидентни должности за Сан Марино и Малта, а неговиот мандат ќе престане заклучно со 31. јануари 2026 година.

Освит Росоклија се отповикува од позицијата амбасадор во Австрија. Неговата должност ќе заврши заклучно со 28. февруари 2026 година.

Слободан Узунов се отповикува од должноста амбасадор во Индија. Тој ги покрива и Бангладеш и Шри Ланка на нерезидентна основа, а неговата функција ќе заврши заклучно со 19. декември 2025 година.

Игор Попов пак е именуван за нерезидентен вонреден и ополномоштен амбасадор за Уругвај. Попов оваа функција ќе ја извршува од Бразил, каде е резидентен амбасадор.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести