Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд се стекнал со 90 нови акции, и сега поседува вкупно 16.793 или 6,48% од вкупниот број на акции.
Акции купил и членот на Управниот одбор на Реплек, Коста Котески, кој се стекнал со 10 нови акции, и сега поседува вкупно 410 обични акции.
Акционер со над 5%, Настел ДООЕЛ пак продал нови 95 акции, и сега поседува вкупно 15.950 или 6,15% од вкупниот број на акции на Реплек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Настел продаде нови акции во Реплек
Владимир Пецовски купи нови акции на Реплек, Настел повторно продаде
Членот на УО на Реплек, Котески, купи акции на компанијата













