Дино паркот во Штип ќе се издава под ќирија за период од 15 години, одлучи Советот на Општината.
Почетната цена на месечниот закуп е 0,5% од проценетата вредност, или 251.073 денари (околу 4.000 евра).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+фото) Штип доби Дино парк со 20 видови диносауруси
Паркот беше отворен во октомври годинава, а за него Општината потроши 50.214.600 денари од општинскиот Буџет, или околу 800.000.
Парите од картите, кои не смеат да бидат поскапи од 100 денари, треба да одат на сметка на Општината, а закупецот ќе има право да прави надградби кои ќе бидат во интерес на посетителите и ќе може да организира и уреди мини простори за кафе и освежувања на отворено.
Фото: Општина Штип













