Никој не знае колку ќе трае процесот за трагедијата во Кочани, кажа судијката Диана Груевска Илиевска на стартот на судењето

Во судницата на Казнено-поправната установа Идризово денеска започна судењето за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 63, а беа повредени 202 лица.

Процесот го води Диана Груевска Илиевска, која пред стартот на првото рочиште меѓудругото посочи дека никој не знае колку ќе трае истиот.

Таа побара дисциплина од сите странки и присутни во судницата на рочиштата, посочувајќи дека за секое непотребно одлагање на процесот, ќе следуваат санкции и дека сите лекарски уверенија за отсуство ќе бидат строго проверувани.

Нејзин заменик ќе биде судијата Ахмед Идризи и четворица поротници, од кои еден резервен за да нема застој во постапката.

За случајот се обвинети 35 физички и три правни лица.

Сите обвинети се изјаснија за невини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се е обвинет за пожарот во Кочани

Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани

Каков имот пријавила судијката Диана Груевска Илиевска, која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести