Едно лице почина, две медицински лица повредени откако возило на Брза помош нагло сопрело за да избегне судир во центарот на Скопје

Вчера околу 12 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е пријавено дека на крстосницата од улицата „11 Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, медицинско возило „рено трафик“ сопственост на приватна здравствена установа, управувано од Ж.А. (55) од Скопје нагло запрело при обид да избегне судир со друго возило, кое го напуштило местото.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобила А.М. (26) од Скопје, лекар од установата, додека со телесни повреди се здобила А.Р. (41) од Скопје, исто така, вработена во установата, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Во медицинското возило се превезувал и Ј.Т. (89) од Скопје, кој бил со здравствени проблеми и откако бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ лекар констатирал смрт, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Телото на починатиот е дадено за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести