Завршена сопственичката консолидација на М-6, мнозински сопственик е семејството Јаневски

Целосно е завршен процесот на промена на сопствеништвото во трговското друштво за инженеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје, информираат од таму.

„По сопственичката промена, мнозински сопственик на М-6 ДОО е семејството Јаневски, а покрај нив, дел од сопственичката структура на компанијата остануваат и членови на семејството Ивановски.

Со финалната уплата на 12 милиони евра се исполнети сите договорни обврски поврзани со преносот на уделите, со што е официјално комплетиран процесот на сопственичка консолидација,“ се вели во соопштението.

М-6 ДОО Скопје е мнозински сопственик на Винарската визба „Тиквеш“, „Охрид Турист“, како и на повеќе други правни субјекти во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести