Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска излезе со метео-предупредување за невреме проследено со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), со услови за појава на грмежи и засилен ветер.
Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица.
Фото: Unsplash













