Три години казна затвор и пет години забрана за работа, доби гинекологот кој на Јалдз Веапоска ѝ извади матка, јајник и бубрег

Судскиот процес со родилката Јалдз Веапоска, конечно доби завршница по три ипол годишна судска сага низ која помина оштетената, која при царски рез во болницата во Струга остана без матка, јајник и бубрег.

„Судот обвинетиот Мухамед Асани го прогласува за виновен, и му изрекува ефективна казна затвор во траење од три години, која што е максимална предвидена за ова кривично дело, а по издржување на казната затвор му изрекува  споредна казна забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од пет години“, кажа судечкиот судија Јордан Jованов при изрекувањето на пресудата.

Второобвинетиот Блертон Асани, син на Мухамед Асани кој тогаш бил специјализант по гинекологија и третообвинетата лекарка Лилјана Јованоска добија ослободителни пресуди.

Веапоска е задовола од изречената казна, но смета дека вина во случајот има и второобвинетиот, кој како специјализант присуствувал при вршењето на царскиот рез.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести