Денеска во судницата во затворот Идризово треба да одржи второто рочиште за трагедијата во Кочани, во која загинаа 63, а беа повредени 202 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е газдата на „Рубикон“, која ја обезбедуваше „Пулс“ во Кочани, чие обвинение се спои со главното
На првото рочиште со првиот предмет за трагедијата беше споено обвинението за вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев, која ја обезбедуваше т.н. дискотека, и сега има вкупно 36 обвинети физички лица и три правни правни лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се е обвинет за пожарот во Кочани
На денешното рочиште се очекува обвинетите да се произнесат за тоа дали се чуствуваат виновни, како и свои воведни зборови да даде нивната одбрана.
На претходното рочиште воведен збор даде Основното јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како што веќе пишуваше еМагазин пред извесно време сите 35 обвинети се изјаснија за невини.
За трагедијата во Кочани има уште два предмети. За едниот во кој се осомничени полициски службеници обвинение е најавено за следниот месец, а во третиот се сомничат инспектори од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, а за истиот во тек е истрага во Основното јавно обвинителство Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се двајцата вработени во УЈП за кои се бара затворски притвор за трагедијата во Кочани
Фото: Игор Бансколиев














