Поранешниот градоначалник на Општина Кичево, Фатмир Дехари (51), заработи нова кривична пријава.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кичево поднело кривична за него поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.
-Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен државен орган, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Kривична за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, го оштетил буџетот за околу 4 милиони денари
Фото: Фејсбук/Дехари














