Кои се тројцата кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

Адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски се тројцата кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), во Стразбур, Франција.

Од Комисијата за избор информираа дека за кандидатите се гласало тајно, двајца од избраните добиле по пет, а еден четири гласови.

Нивните имиња до крајот на неделата треба да бидат испратени до експертскиот панел на Советот на Европа, кој ќе ја даде конечната оценка.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести