Од денеска стартуваше електронскиот систем „Безбеден град“, кој ќе снима сообраќајни прекршоци.
Ќе се казнува од 1. јануари, а до тогаш ќе има само опомени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се казнува од 1. јануари: Од денеска камерите на „Безбеден град“ снимаат сообраќајни прекршоци
Како ќе се казнува?
За прекршоците кои ќе бидат документирани преку системот Безбеден град, на сопственикот на возилото со кое е констатиран сообраќаен прекршок, Министерството за внатрешни работи (МВР) му доставува СМС порака на мобилен телефон и на електронска адреса (податоци кои сопственикот на возилото ги дал при регистрација на истото) со линк за преземање на Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, информираа од МВР.
Доколку сторителот ја прифаќа одговорноста за сторениот прекршок во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог ќе плати половина од изречената глоба, ако истекол рокот од осум дена за да плати половина од изречената глоба, ќе може да го плати целиот износ на изречената глоба, најдоцна во рок од осум дена по истекот на рокот за плаќање на половина од изречената глоба, а пред постапката за извршување. Кога ќе заврши со плаќање на изречената глоба во дадените рокови не се плаќаат трошоци на целокупната постапка.
Што ако прекршителот е македонски државјанин кој живее во странство
Странец, како и државјанин на Македонија кој што со заминувањето заради престој во странство би можел да го одбегне плаќањето на глобата, е должен веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог да ја плати изречената глоба. Ако сторителот не ја платил глобата МВР ќе ја достави до органот надлежен за присилна наплата.
Како ќе се плаќа казна
За прекршок за кој покрај глобата е предвидена и санкцијата забрана за управување со моторно возило и ако сторителот ја платил глобата во предвидените рокови, и за прекршок престанок за важење на возачка дозвола, МВР ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен суд.
Глобите ќе може да се платат електронски преку линк кои сторителот на прекршокот ќе го добие со известувањето. Во овие случаи потребно е во уплатница автоматски да биде внесен бројот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог и износот на глобата изразена во денари.
Во овие случаи МВР веднаш електронски добива известување дека глобата е платена.
Фото: МВР














