Наместо денеска, газдата на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, добил ново одложување за издржување на затворската казна од 10 години за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, за на 17. декември, објави порталот Сакам да кажам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Причината е што сега требало да го оперира од кила вториот тестис. Претходно во октомври доби одложување поради операција на другиот тестис.
Во меѓуевреме, Ремзи Мифтари, одговорниот за возниот парк во „Дурмо турс“, осуден на казна затвор од 10 години, кој исто така доби одложување за извршување на казната поради операција на кила на тестиси, стана недостапен за полицијата, која за него распиша меѓународна потерница.
И двајцата беа осудени во мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада














