Поранешниот портпарол на Владата, Мухамед Хоџа е предложен за министер за животна средина и просторно планирање на местото на Изет Меџити, а пратеникот и поранешен министер за здравство Беким Сали за министер за европски прашања, на местото на Орхан Муртезани.
Предлогот на Владата, бил испратен до Собрание за новите министри од ВРЕДИ.
„Согласно Деловникот на Собранието, предлозите ќе бидат распределени на понатамошна постапка. За денот на одржувањето на седницата за избор на новите министри, Собранието ќе информира дополнително,“ информираат од таму.
Меџити стана градоначалник на Општина Чаир, а Муртезани ќе биде разрешен.














