Електронскиот систем „Безбеден град“ стартуваше вчера и за 12 часа истиот го покажа реалното дивеење по скопските улици.
За толку време се направени 65.000 прекршоци, а 2.800 од возачите поминале на црвено.
Граѓаните веќе добиваат СМС пораки за прекршоците, а на социјалните мрежи најголем дел од нив се жалат што се казнува и за 51км/ч на дозволена максимална брзина од 50 км/ч.
„Како е можно казна за 51км/ч,“ прашува граѓанин во реакција до редакцијата на еМагазин. Тој ни ја испрати содржината на казната, во која е наведен прекршокот за брзина од 51км/ч.
Граѓаните реагираат и дека нема доволно знаци на кои е наведена максимално дозволената брзина, иако според закон е прецизирано дека максимална дозволена брзина во населени места е 50км/ч.
Казната за возење над дозволена брзина е 20 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МВР














