Бројките од „Безбеден град“ постојано растат: 110.000 сообраќајни прекршоци, 90% возеле со брзина поголема од дозволената

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека со електронскиот систем “Безбеден град„ досега се регистрирани 110.000 сообраќајни прекршоци, од кои околу 1.000 биле за возила без регистрација, а околу 5.000 возачи поминале на црвено. Кај 90% од возачите пак била регистрирана брзина поголема од дозволената.

Во овој тест-период констатирано е дека во одреден дел од прекршоците, записниците не стигнале до вистинските возачи.

Во обраќање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, Тошковски рече дека Македонија во последните 15 години е синоним за врв на жртви предизвикани од непочитување на сообраќајни правила. Бројката на жртви во последната година изнесува 145.

„Лани бројката е 142 жртви, за жал, најголем број се млади до 29 години, а и во рамки на светските параметри најголем број од почнатите млади во светот се како последица на непочитување на сообраќајните правила. Бројката од 142 жртви не е обична, тоа се луѓе со семејства кои ги губат животите на улиците,“ рече Тошковски.

Тошковски најави неселективни казни за сите, вклучувајќи и шофери на функционери. Заклучно до средина на 2026 година системот треба да се примени на територија на цела држава. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како граѓаните го прифатија „Безбеден град“: Најмногу реакции за казните за брзина од 51км/ч

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести