Во ќелијата на поранешниот службеник во Министерството за економија, Џеваир Камбери, кој е еден од обвинетите за трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, и е во притвор, биле пронајдени 13 мобилни телефони и лап топ, информираше на стартот на денешното рочиште судијката Диана Груевска Илиевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани
Тој пак кажа дека телефоните веќе биле во ќелијата и дека тој само ги нашол.
За тоа доби само опомена, на што реагираа од Основното јавно обвинителство.
Камбери е единствениот обвинет, кој освен за тешки дела против општата сигурност, е обвинет и за примање поткуп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се е обвинет за пожарот во Кочани
Фото: Влада














