Одбраната на третобвинетиот за трагедијата во Кочани, Михаил Јованов, кој е син на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, газда на т.н. дискотека „Пулс“, на денешното рочиште меѓудругото посочи дека тој бил обвинет само заради тоа што е син на Јованов.
Според неговата адвокатка Ивана Коцевска, тој имал своја фирма „Карго бит ДООЕЛ Кочани“ и не добил никакви овластувања од неговиот татко да презема дејствија во име на фирмата која ја водела т.н. дискотека, во која тој никогаш не бил ниту сопственик, ниту управител.
Таа тврди и дека имало психолошки нарушувања кај нејзиниот клиент, бидејќи во пожарот ја загубил девојката, со која бил 10 години и неговиот најдобар пријател, и дека и самиот се здоби со изгореници од трет степен.
Поради тоа кај него, според неа, се појавиле суицидни мисли и морал да работи со психолог.
Според Коцевска за него Основното јавно обвинителство не обезбедило ниту еден доказ и не прецизирало конкретно дејствие што му се става на товар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДНК и институциите биле виновни за пожарот во „Пулс“, кажа одбраната на газдата на т.н. дискотека
Никој од обвинетите за трагедијата во Кочани не чувствува вина
Фото: Игор Бансколиев














