Кој е Стефче Трпковски, новиот директор на „Дрисла“

Стевче Трпковски е именуван за нов директор на скопското јавно претпријатие „Дрисла“.

Нов директор доби и јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Владимир Кроневски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дрисла“ и „Градски паркинг“ добија нови директори

Кој е Трпковски

На пошироката јавност и е познат како поранешен градоначалник на Општина Сопиште.

На оваа функцијата бил по локалните избори во 2013 година, а потоа повторно по локалните избори во 2017 и во 2021 година.

Роден е на 7. август 1982 година во Скопје.

Средно образование завршил во ДСГУ „Здравко Цветковски“, а високо образование на Градежниот факултет во Скопје, каде се здобил со звањето дипломиран геодетски инженер.

Од 2011 година бил на магистерски студии на Градежниот факултет, каде магистрирал како Магистер по технички науки.

Работно искуство

Пред да стане градоначалник, бил геодетски инженер.

Од 2007 година работел во Алфа–геодет ДООЕЛ, а потоа бил пратеник во македонското Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите директори на “Комунална хигиена“, „Водовод и канализација“, „Улици и патишта“ и ЈСП „Скопје“

Фото: Фејсбук/Трпковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести