Песната „Параходот“ е вториот сингл кој го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски“ и воедно најава за албумот што следи, насловен како „Море“.
Како гости на песната Параходот е истата екипа како и на „40 Години Девојка од Бронза“.
Музичарите кои ќе го изнесат концертот се: Александар Таушанов – гитара (Троја) , Тодор Стефанов – бас (Троја), Зоран Павлов – гитара и Дејан Јефремов – тапани.
Како гости на концертот ќе се појават: Перо Стефановски (Санаториум), Александар Стефановски (Conspiracy) и Гордана Котевска.
Концертот ќе се оддржи на 20. декември во МКЦ со почеток од 20.30.
Влезници можат да се купат преку Mktickets.mk и нивните продажни пунктови.
Промотивна објава













