Од 1 јануари се намалува надоместокот за пренос и дистрибуција на струјата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информираше дека од 1. јануари следната година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64%.

Надоместокот за користење на преносниот систем МЕПСО пак се намалува за 2,67%, а намалување има и кај цената на МЕМО од 3,40%.

Од таму велат дека сега кога се познати сите елементи кои ја сочинуваат крајната цена на електричната енергија останува универзалниот снабдувач – ЕВН Хоме, под надзор на РКЕ да направи пресметка и да ги објави финалните цени по блокови.

Делот што РКЕ го регулира во крајната цена има влијание од околу 36%.

Надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем во крајната цена учествува со околу 33%, надоместокот за користење за преносниот систем учествува со околу 4%, а цената на МЕМО е со незначително учество од околу 0,19%.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести