Дали судницата се претвори во Струшки вечери на поезијата, прашаа родителите на денешниот „Марш на ангелите“

Дали судницата се претвори во Струшки вечери на поезијата, праша меѓудругото Александар Наунов родител на девојка која загина во пожарот во Кочани, на денешниот „Марш на ангелите“.

„Дали таму се оди за рецитирање или за вистина? Дали зборовите треба да ја покријат смртта на нашите деца? Затоа што, од тоа го слуша јавноста, може да се помисли дека децата не загинале, дека пожар немало, дека никој не е виновен и дека трагедијата била случајна.

Но, вистината е сурова е тешка, нашите деца изгореа живи, во чад и во паника, со крикови за помош што никој навреме не ги слушна. Јавното обвинителство објави дека за предметот има повеќе од 200 гигабајти доказен материјал, вештачења, разговори, аудио и видео снимки, извештаи и анализи.

Тоа не се празни зборови, тоа се факти. Тоа се трагите на одлуките и неодлуките, тоа е патот на одговорноста. И покрај тоа, одбраната упорно тврди дека никој не е виновен, а уште пострашено е што слушаме нешто што ја навредува и здравата логика, дека некој од обвинетите не знаел дека во градот постоела дискотека, дека никоја институција немала надлежност,“ изјави Наунов.

Родителите на денешниот марш порачаа дека не бараат одмазда, туку правда.

Фото/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести